Трособен Стан Козле - Продаден

  • Објавено на: 20 Февруари 2022
  • Шифра: A5012
  • Цена: €По договор EUR
  • Депозит: €/ EUR
  • Агенциска Провизија: /
  • Локација: Козле
  • Тип: Продажба
  • Квадратура: 68 m2
  • Спрат: 0
  • Соби: 3
  • Спални: 2
  • Бањи: 1
  • Балкон: 1
  • Состојба: Наместен
Јавете сѐ на: 076 88 33 05

Тип топ пространо станче со нова комплетно наместена кујна, една спална и покриена двор-тераса погодна за приватен паркинг на две возила или пак за забави, коктели и седенки со пријатели. И што е најдобро – станот е ПРЕЛЕСЕН за чистење и одржување.

Не можевме да одбереме подобра локација за ова станче.истото е лоцирано во мирна населба во Козле, опкружено со зеленилото на Водно. Истовремено е толку блиску до центарот на градот, кафулињата, маркетите и местата за социјализација.

Интериерот е идеално искористен со тоа што преовладува чувство на ПРОСТРАНОСТ и ТОПЛИНА. Дневната и комплетно наместената кујна со трпезарија се споени со елегантен шанк за целосна функционалност, соединетост и стил на просторот.

Спалната соба и дневната се одделени со рачно изработен дизајнерски ѕид од дрво и стакло. Спалната е интимна, екстремно лесна за загревање, со поглед на Водно и населбата. Истата има простор за гардеробри и тоалети.

Станот е на приземје и поседува пространа покриена тераса од 33м2 идеална за приватен паркинг на две возила. Таа исто така може да се користи и за социјални забави и дружби во топлите месеци од годината. Пристапна и урбана, а сепак во мирното подножје на Водно.

Најдобра карактеристика на станот е што е неверојатно лесен за одржување. Комплетно се чисти за еден час или помалку поради идеалната искористеност на просторот.

Технички карактеристики:
- Пространа дневна соба
- Комплетно наместена кујна и трпезарија со излез према терасата
- Една спална
- Една бања со када
- Површина од 67м2 + тераса од 33м2 = 100 м2
- Станот е патосиран со првокласен таркет во беспрекорна состојба
- Греење: инвертер + мала панелка за спалната (*станот исто така има комплетно инсталиран систем за подно греење. Истиот е во полна функционалност.)
- Наместени приклучоци за телефон, интернет и MAX TV
- Со посебна етажна изразеност во постоечкиот имотен лист 23612

(2)- СУТЕРЕН – спортска сала со купатило и санитарен чвор, со вк. површина од 68 + 42 м2.

Севкупниот простор (приземјето и сутеренот) се погодни и за деловен простор, нето висина 2,80 м. (и приземјето и сутеренот), на агол на две улици.

Тип: Продажба | Место Козле

← Вратете сѐ назад кон почетната страница.