Куќа Козле A5021
- Објавено на: 27 Февруари 2022
- Шифра: A5021
- Цена: €97 000 EUR
- Депозит: €/ EUR
- Агенциска Провизија: 1%
- Локација: Козле
- Тип: Продажба
- Квадратура: 76 m2
- Спрат: /
- Соби: 3
- Спални: 2
- Бањи: 1
- Балкон: 2
- Состојба: Полу-наместен
Се продава куќа во Козле на мирна и тивка локација. Во близина има основно училиште, градинка, маркети, иделна за мирен а сепак урбан начин на живеење. Куќата е на 2 спрата со површина од 76 м2 изградена 2002 год.
Изведбата на куќата е армирано- бетонска, со две плочи.
На високо приземје има голема дневна соба со кујна и трпезарија, остава која лесно може да се преуреди во купатило, ходник и голема заградена тераса.
По внатрешни скали се доаѓа на спрат, каде што има голема детска соба со вградени плакари, кревети и биро, тераса, спална соба и купатило. Куќата има парно на струја, трајножаречки камин во дневната со ѕидан оџак и клима уред. Надворешната ограда е од ковано железо.
Куќата е домаќински одржувана и со целосно уредна документација.
Пешачко растојание : 3 мин до училиште, градинка и амбуланта без преминување на главна улица, 5 мин. до пазар и Форца, 10 мин. до Сити Мол.